Vrabotuvanje.com - Регионален претставник за продажба (комерцијалист) - Охрид, Струга, Кичево и Битола - ДПТУ Винербергер ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Регионален претставник за продажба (комерцијалист)

Охрид, Струга, Кичево и Битола

Application deadline:

  • ДПТУ Винербергер ДООЕЛ

Винербергер Дооел Виница е подружница на австриската групација Wienerberger AG - најголемиот производител на тули во светот, со 200 фабрики во 30 земји во Европа, Северна Америка и Азија. Во врска со извршувањето на нашата дејност, бараме:

РЕГИОНАЛЕН ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК (комерцијалист) – за регионот на ОХРИД, СТРУГА, КИЧЕВО и БИТОЛА

 

Должности и одговорности:

  • Одржува и развива комерцијални односи со клиентите и дистрибутерите на компанијата
  • Идентификува и предлага можности за проширување на дистрибутивната мрежа
  • Тесно соработува со учесниците во градежниот процес со цел да се зголеми продажбата на компанијата
  • Обезбедува техничка помош, обука и консултации на клиентите во процесот на изградба
  • Организира и спроведува презентации и обуки за производи за градежни компании, дизајнери и образовни институции
  • Организира учество и претставување на компанијата на регионални саеми
  • Подготвува периодични извештаи за своите активности

Барања:

  • Средно или високо техничко образование
  • Искуство во продажба на градежни материјали
  • Познавање на пазарот во регионот и учесниците во градежниот процес
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Компјутерска писменост - MS Office, Интернет
  • Возачка дозвола и подготвеност за интензивно патување
 

 

Ви нудиме одлични услови за работа и реализација во меѓународна компанија, како и можност за континуирана обука и усовршување на личните и професионалните вештини.

 

Доколку огласот ве интересира и ги исполнувате наведените услови, не двоумете се да аплицирате.

 

 

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more