INSTAGRAM: www.instagram.com/olimpiko.mk
FACEBOOK: www.facebook.com/Olimpiko.mk
TELEFON: 02/3064-689 и 071/205-800
ЗА НАС
На пазарот во Македонија, Олимпико постои веќе 30 години и е синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светските познати брендови Michelin, BFGoodrich, Тigar, Bridgestone, Pirelli и Firestone. Нашата мисија е постојано да го унапредуваме сопственото работење, да ги следиме свтските трендови во оваа исклучително конкурентна индустрија, да го зајакнуваме и да го едуцираме тимот, со цел континуирано да го одржуваме и да го поткреваме имиџот на ОЛИМПИКО.
Бараме:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ (малопродажба/големопродажба) - со Ц категорија
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Аналитички програми и презентирање;
- Возачка дозвола – Ц категорија;
- Менаџирање и контролирање на вработени (подредени).
Опис на работни задачи:
- Да ги запознае купувачите со вистинскиот асортиман на производи, ценовната политика и сите услови на соработка;
- Ја следи работата на конкуренцијата, известува и предлага активности;
- Одговорен е за навремена наплата на сите доспеани долгувања, како и за целокупното административно водење на продажба;
- Посети на клиенти;
- Должен со својата работа да придобие што поголем број на купувачи;
- Должен да го поддржува тимскиот дух, да соработува;
- За време на своите посети во целост да ги застапува интересите на компанијата и да допринесе за оддржување на имиџот на компанијата која е ориентирана кон купувачите;
- Да ги развива, да води сметка околу личното усовршување;
- Планирање и организирање на продажни активности;
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
- Развивање и одржување на односите со клиентите;
- Опслужување на клиенти во компанијата;
- Изготвување на понуди по спецификација;
- Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и невно презентирање кај надредените;
- Воведување на нови процеси и стратегии за подобрување на работата во работилница и вработените.
Лични карактеристики:
- Организираност и одговорност;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата биографија преку Брзата Апликација.