Vrabotuvanje.com - Дистрибутер - Комерцијалист - Гевгелија - Гевгелија - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Дистрибутер - Комерцијалист - Гевгелија

Гевгелија

Application deadline:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ

Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
 
ДИСТРИБУТЕР - КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Локација: Гевгелија

 
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим.

Како Дистрибутер - Комерцијалист ќе бидете одговорни за:
  • Дистрибуција и продажба на производите од асортиманот на ЕКСПАНДА ДООЕЛ во Гевгелија и околните општини;
  • Продажба на роба до продажните места од реонот за кој ќе бидете задолжени и со кои компанијата има склучено договор за деловна соработка;
  • За зголемување на продажбата и бројот на активни продажни места за реонот за кој ќе бидете задолжени;
  • Градење долгорочна соработка со клиентите на компанијата;
  • Оптимално планирање на дневни залихи на производите;
  • Почитување на процедурите на работа;
  • Редовно одржување и одговорност за возилото и опремата.
 
Доколку сте:
  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
  • Комуникативни, Одговорни, Самоиницијативни, Проактивни;
  • Чесни и лојални.
 
И поседувате:
  • Завршено образование: минимум ССС;
  • Возачка дозвола: Б категорија (минимум две години возачко искуство);
  • Познавање на работа со компјутер;
  • Претходно работно искуство во дистрибуција и продажба ќе се смета за предност;
  • Комуникациски, преговарачки и продажни вештини;
  • Висок личен интегритет и деловна култура.
 
Ние ви нудиме: 
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот;
  • Нето месечна заработка плус бонуси;
  • Можности за индивидуален напредок во работата и усовршување преку дополнителни обуки и тренинзи.
 
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 14.05.2023 година.
 
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more