Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажба, преговарање и соработка со аптеки - Скопје - ФЕНИКС Фарма
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за продажба, преговарање и соработка со аптеки

Скопје

Application deadline:

  • ФЕНИКС Фарма


ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 25 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
 
 
 
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА, ПРЕГОВАРАЊЕ И СОРАБОТКА СО АПТЕКИ
 
 

Обврски и одговорности:

  • Идентификува и креира можности за унапредување на продажбата
  • Организира средби и посети на аптеки со цел воспоставување и одржување на    партнерските односи
  • Одговорен за ефективно остварување на планот за продажба на доделената територија
  • Надгледува и координира наплата на побарувања
  • Изготвува редовни извештаи за остварени посети и прави анализа на пазарот врз основа на собрани релевантни информации

Потребни квалификации, вештини и способности:

  • ВСС: Фармацевт, стоматолог или економист
  • Искуство во теренска продажба, комерцијално работење или веледрогериско работење ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Силни преговарачки способности
  • Способност да работи ефективно самостојно и како дел од тим
  • Одлични презентациски и комуникациски вештини

Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Работното време е од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава преку полето Брза Апликација.

Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот.

Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок преку полето Брза Апликација.


 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more