Смарттецх Инноватионс ДОО Скопје е фирма која се занимава со посредување при организирање на игри на среќа со ВЛТ апарати.
Динамиката и растот на компанијата отвори пат до нови работни места, а моментално сме во потрага по:
Финансиски Администратор
Опис на работно место:
- Подготовка на пресметки во MS Excel (дневно, неделно, месечно) и испраќање на извештаи согласно инструкции;
- Редовно контирање на сметководствени документи (фактури, изводи, картици, дневни пазари, плати и др.) и нивно архивирање во хартиена и електронска форма;
- Креирање на прегледи и предлози за плаќање;
- Секојдневна комуникација со вработените и соработниците за координација на обврски;
- Фактурирање и контрола на наплата;
- Собирање, обработка и архивирање на финансиска, статусна, договорна и друга документација;
- Комуникација и работа со институции;
- Пријава и одјава и водење на досиеја за вработени;
- Спроведување на барање за набавки;
- Подготовка на договори за соработка и комплетирање на предефиниран сет документи за отварање на нови локации како и спроведување на барање за затварање и контрола на процесот;
- Подготовка на разни анализи и извештаи.
Бара:
- Високо образование во областа на економијата или финансиите;
- Напредно познавање на работа во MS Office;
- Проактивен пристап кон работата;
- Комуникациски вештини;
- Искуство во дејноста игри на среќа ќе се смета за предност.
Нуди:
- Приватно здравствено осигурување;
- Динамично работно опкружување со помали, но разновидни типови на деловни активности и разновидно работење;
- Одличен простор за работа.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратете ја својата пријава преку полето Брза Апликација.