Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место: СМЕТКОВОДИТЕЛ
во оддел Сметководство во "ЛУКОИЛ Македонија" ДООЕЛ на определено време од 1 година

Основни работни обврски:

  • Водење сметководствена евиденција на средствата и обврските, трошоците и приходите, основни средства и залихи во согласност со законските прописи, интерните правилници на Компанијата и корпоративните правила и стандарди;
  • Систематизација на сметководствени документи, обезбедување на нивно уредно чување и архивирање согласно законските прописи,
  • Организација и спроведување на пописи на материјални добра, подготовка на извештаи според резултатите по попис и формирање на документи за регулирање на појавените разлики;
  • Спроведување на  денарски и девизни банкарски трансакции, благајнички операции, книжење фактури за трошоци, набавки на основни средства;
  • Евиденција, контрола и анализа на обврски и побарувања на Компанијата; 
  • Евиденција на основни средства, инвестиции и трошоци според нивните видови и групи;
  • Други обврски по налог на претпоставениот.
 

Потребни квалификации: 

  • Завршено високо образование (Економски факултет), работно искуство во областа на сметководство, економија, финансии најмалку 1 година;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање и активно користење на Excel, познавање и користење на софтверски апликации за сметководствено и финансиско работење;
  • Познавање на сметководствени прописи и стандарди, МСФИ, даноци, законски прописи;
  • Уверение за сметководител.

Професионални знаења и способности:

  • Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
  • Добри аналитички способности, прецизност, уредност и одговорност;
  • Мотивирана и стабилна личност.
 
Сите заинтересирани потребно е да достават резиме (CV) со фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки најдоцна до 18.05.2023 година по пошта на следната адреса: Бул. „Партизански одреди“ бр. 18, 1000 Скопје или аплицирајте електронски преку полето Брза Апликација.
 
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе се третираат со строга доверливост.
Компанијата го задржува правото да не ја пополни огласената позциција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more