Vrabotuvanje.com - Теренски техничар во сервисен оперативен центар – Кичево - Кичево - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Теренски техничар во сервисен оперативен центар – Кичево

Кичево

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје


Теренски техничар во Сервисен оперативен центар – локација Кичево
 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во нашата дигитална компанија луѓето имаат влијание и постојано се развиваат.
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба за ангажирање на талентиранo  лицe на работно место: Теренски техничар
 
Теренскиот техничар извршува работни налози за  инсталација на нови услуги и напредни Wi-Fi решенија или решава технички проблеми кај корисниците на Македонски Телеком. Техничарот врши нудење и продажба на услугите на Македонски Телеком на сите потенцијални корисници, дава и собира повратни информации на корисниците за производите и услугите.
 
Пожелно е да имаш искуство со монтажа и инсталација на телекомуникациски услуги, желба за учење и динамична работа на терен.
 

Што очекуваме:
  • Комуникативен и тимски играч
  • Ориентиран кон исполнување на зададени резултати
  • Подготвен за работа со корисници
  • Способен да се справува со конфликтни ситуации
  • Услужлив и позитивен
     
Квалификации
  • Средно образование;                       
  • Со и без работно искуство:
  • Возачка дозвола- Б-категорија
  • Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (бакар и оптика) и кабли LAN;
  • Работа со компјутери (MS Office) и работа со апликации за оперативно работење

Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитвен пакет на надоместоци (основна плата и бонус)
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК
     
Работно време:
  • Понеделник до петок од 08 до 16 часот (секоја втора сабота  работна).
     
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање Теренски техничар (локација Кичево)
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602
 
Забелешка:
Сите примени аликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more