Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

 

M SAN Групација е најголема регионална компанија која се занимава со дистрибуција на ИТ производи, играчки, потрошувачка електроника и уреди за домаќинство, интегрирани ИТ решенија и услуги, како и онлине малопродажба. Во Македонија работиме преку четири фирми: Паком Компани, КИНГ ИЦТ, Цорвус Инфо и eKupi.mk.

Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

За потребите на целокупното унапредување на групацијата во фирмите во Македонија, имаме потреба од

Сметководител

Што добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време,
  • Исплата на годишен регрес;
  • Службен телефон;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Ова работно место, подразбира работен однос во сите правни субјекти на М САН Групација во Македонија.

Работни задачи:

  • Книжење и контрола на сите финансиски и материјални трансакции за стока со познавање на работа поврзана со царински магацин;
  • Книжење и контрола на ДДВ обврските и подготовка на ДДВ пријави;
  • Изработка на плати за вработените.
  • Активно учество во изработката на финансиски, сметководствени и даночни извештаи за надлежните институции;

Од кандидатот очекуваме:

  • Работно искуство од најмалку 5 години во струката;
  • Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel;
  • Практично искуство и работење во напреден информатички систем;
  • Да поседува Уверение за сметководител (Уверение за овластен сметководител ќе се смета за предност);
  • Познавањето на англиски и српско-хрватски јазик ќе се смета за предност;
  • Активно познавање и следење на новите законски прописи и сметководствени страндарди;
  • Развиени комуникациски вештини, совесно работење и професионализам;
  • Адаптабилност и можност за работа во тим;
  • Возачка дозвола – Б категорија.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more