Vrabotuvanje.com - Account Manager (Продажно лице за ИТ опрема, галантерија и потрошувачка електроника) - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Account Manager (Продажно лице за ИТ опрема, галантерија и потрошувачка електроника)

Скопје

Application deadline:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

 

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Account Manager

 (Продажно лице за ИТ опрема, галантерија и потрошувачка електроника)

Работно место во Скопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
  • Исплата на годишен регрес;
  • Службен телефон;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

  • Одговорен за продажни активности и комерцијални резултати на Паком продуктно портфолио кон листа на купувачи - партнерска мрежа;
  • Оперативно спроведување на продажни пазарни активности и промоции за дефинирано портфолио на производи кон листа на купувачи;
  • Следење на трендови и активности на пазарот, конкуренција, квалитетно и навремено позиционирање на нашите производи кај делегираните продажни партнери;
  • Проширување на портфолио на брендови и производи со цел зголемување на пазарен удел кај продажните партнери;
  • Позиционирање на производи во канал продажни партнери и нивни продажни места во согласност со стратегијата на поедини брендови;
  • Изработка и ангажман за реализација на продажни партнерски годишни планови;
  • Учество во планирање и организација на продажни и промотивни активности и нивно спроведување во партнерски канал;
  • Преговарање и одржување на квалитетен однос со партнерски канал, унапредување, проширување на портфолио и зголемена соработка со продажни партнери;
  • Редовна посета, организирање и водење на состаноци и самостална комуникација со доделени продажни партнери.

Од кандидатот очекуваме: 

  • Завршено ВСС;
  • Најмалку 3 години работно искуство во продажба во наведената индустрија;
  • Добро познавање на пазарот и продажните партнери за ИТ, галантерија, аксесоари и потрошувачка електроника;
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Високо познавање и користење на ИТ технологија, МS Office програми и други алатки;
  • Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини  и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата;
  • Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност. Совесност во работењето и одлучност за навремено делување.
  • Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати;
  • Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.

Краен рок за аплицирање;  26.06.2023 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more