Vrabotuvanje.com - Технолог за стандардизација и сертификација - Свети Николе - ЛИОН ДОО Свети Николе
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Технолог за стандардизација и сертификација

Свети Николе

Application deadline:

  • ЛИОН ДОО Свети Николе

LION од Свети Николе е успешна компанија која произведува кондиторски производи со врвен квалитет и извонредна грижа за клиентите. Освен на домашниот пазар производите под брендот LEONA се дистрибуираат во повеке земји од регионот, Европа и светот. Нашите производи носат слатки моменти на среќа во секој дом, бидете и вие дел од оваа мисија.

Во LION кон вработените се гледа со достоинство и почит. LION има за цел да обезбеди безбедна работна средина за своите вработени и да обезбеди правичен надомест за вложениот труд. LION се залага за лојалност, саминицијативност, лидерство, тимски дух, чесност и интегритет.

Ве очекуваме да ни се придружите на следнава позиција:

ТЕХНОЛОГ ЗА  СТАНДАРДИЗАЦИЈА И СЕРТИФИКАЦИЈА (м/ж)

Компанијата е во потрага по кандидат кој има одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа, иницијативност и проактивност во работењето и развиени аналитички способности.

Потребни квалификации:

  • Кандидати со универзитетско образование
  • Релевантно работно искуство од најмалку 1 година
  • Искуство во контрола на квалитет ќе се смета за предност
  • Познавање на Microsoft пакетот (Word, Excel и PowerPoint)
  • Познавање на Англиски јазик (писмено и усмено) ќе се смета за предност

Компанијата обезбедува:​​

  • Атрактивен компензациски пакет согласно последните истражувања на плати за позицијата на ниво на Македонија и регионот
  • Компетитивна плата согласно работното искуство
  • Позитивна работна средина и баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот
  • Можности за обуки и градење на кариера 

Главни одговорности:

  • Одговорен е за анализа и имплементација на сите процеси на стандардизација и сертификација во компанијата во доменот на контрола на квалитет
  • Одговорен е за навремено и точно ажурирање и креирање на потребната документација за стандардизација и сертификација
  • Одговорен е за спроведување обуки на вработените на кои има за цел да ги насочи кои однесувања се очекувани од нив во рамки на работното место (кои произлегуваат од стандардите)
  • Спроведува внатрешна ревизија на практиките за безбедност на храната врз основа на локални и национални протоколи и препорачува промени каде што е потребно
  • Периодично ги прегледува и идентификува сите проблеми со тековната имплементација во делот на стандарди и сертификати и развива решенија кои гарантираат дека системот во согласност со барањата кои произлегуваат од истите
  • Развива програми за обука на вработените со цел нивно темелно разбирање на правилните процедури за ракување со храна и суровини
  • Учествува во процесот на поставување и спроведување критериуми за квалитет на компаниско ниво со цел производите/услугите на компанијата да ги исполнуваат очекувањата на клиентите
  • Контактира со претставници од странство за усогласување на производството со интернационалните стандарди и барања
  • Презентира опции на директорот на компанијата, како и групата на колеги на контрола на квалитет со цел да генерираат заеднични повратни информации и предлози за подобрувања или измени на моменталните компаниски практики во однос на тековните стандарди и нивната моментална имплементација
     

Работни услови:

Позицијата подразбира работа во административна смена од 8:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, во деловните простории на компанијата кои се наоѓаат во Св.Николе.

Како да аплицирате?

Доколку сте заинтересирани за кариера во LION, испратете го вашето кусo CV преку Брзата Апликација.

НАПОМЕНА: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more