за реон: Охрид, Струга
ОДГОВОРНОСТИ:
- Ги посетува објектите на придружниот терен по однапред одредени дневни рути;
- Изложува производи на сите примарни и секундарни позиции предвидени за позиционирање на производите;
- Уредува полици/продажни места каде се изложени производите;
- Ги изложува производите од магацинот на полицата/продажното место, ги применува пропишаните стандарди за изложување на стоката (merchandising стандарди);
- Обележува и контролира залихи на производи;
- Ја позиционира стоката според договорен планограм и според однапред договорени проценти на учество по категории;
- Го контролира означувањето на цените на производите;
- По завршувањето на уредувањето на полиците/продажните места, фотографира како стоката е изложена по секоја посета;
- Испраќа до претпоставениот извештаи за состојбата на објектот во потребната форма;
- Воспоставува добра комуникација со клиентите на терен;
- Спроведува и имплементира FIFO и FEFO стандарди и процедури за враќање;
- Поставува фрижидери, полици и промотивен (POCM) материјал и ги означува производите со валидна цена;
- Комуницира со одговорните лица во продажните објекти за сите договорени активности;
- Одговорен за имплементација на 5S стандардите, за хигиена и работна дисциплина;
- Користи опрема за ППЗ во случај на пожар (противпожарни апарати и хидранти) во согласност со обуката за ППЗ;
- Спроведува мерки од областа на безбедноста и здравјето при работа, заштита од пожари, заштита на животната средина и безбедност на храната; ја обезбедува безбедноста на вработените кои работат во одделот;
- Доставува извештај за потенцијално небезбедни ситуации (безбедност при работа, заштита на животната средина, безбедност на производите);
- Ја зачувува работната опрема и другата опрема во сопственост на АД Млекара Битола и обезбедува услови за отстранување на елементите кои можат да доведат до оштетување на истата;
- Врши и други работи по налог на непосредниот претпоставен за кои, според внатрешната прераспределба на работата во организацискиот дел во кој работи, работникот е компетентен врз основа на образование, знаење, вештини и искуство;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Работно искуство во продажба
- Универзитетска диплома ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б-Категорија, искусен возач;
- Одлично познавање на MS Office пакетот (особено Excel)
За да бидете успешен кандидат потребно е да ги имате следните КАРАКТЕРИСТИКИ:
- Умереност на цели и уверливост
- Можност за самостојна и тимска работа
- Способност за ефикасно решавање на проблемите
- Стрпливост и упорност
Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.