Vrabotuvanje.com - Возач/Дистрибутер - Скопје - СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возач/Дистрибутер

Скопје

Application deadline:

  • СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
 
 
СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
 
ВОЗАЧ / ДИСТРИБУТЕР
 
 

Работни должности:

Извршува дејности, работни задачи и процеси, поврзани со:

  • Управува со транспортното возило;
  • Одговорен е за техничката исправност и чистотата на задолженото возило;
  • Врши превоз на готови производи и суровини и е одговорен и задолжен за нивните количини;
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
  • Работи според законски прописи, стандарди и процедури и е должен истите да ги применува;
  • Должен е да го чува и одржува возилото во добра состојба и секој недостаток да го пријавува;
  • Задолжен е за редовно сервисирање и поправки на возилото;
  • Врши други работни задачи кои произлегуваат од делокругот на неговата работа, по потреба помага во другите служби;
  • Прием и припрема на нарачки;
  • Задолжен да извршува други работи по барање на генералниот директор.

Работни одговорности:

  • Се придржува кон актите на работодавачот за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци;
  • Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Го почитува работниот распоред,
  • Ги подобрува вештините и квалификациите преку присуство на организирани обуки од друштвото;
  • Во комуникација со потрошувачи разговорот  го води културно и етички во согласно со кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури;
  • Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремно внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата;
  • Ја почитува работната дисциплина;
  • Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
  • Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење;
  • Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и правната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

Образование, квалификација, професионалано работно искуство:

  • Средно образование;
  • За предност се смета претходно работно искуство во оваа област;
  • Работење и однесување во согласност со принципите на деловната комуникација и поведение;
  • Познавање на сите услуги кои ги нуди друштвото
  • Возачка дозвола- Б и Ц категорија.

Лични карактеристики:

  • Навремено исполнување на работните задачи;
  • Способност за справување со стрес;
  • Организираност;
  • Доверливост;
  • Лојалност кон друштвото;
  • Одговорност;
  • Одлучност и  креативност
  • Тимски работник
 
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more