Vrabotuvanje.com - Правник - Скопје - СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Правник

Скопје

Application deadline:

  • СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
 
 
СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
 
ПРАВНИК
 
 

Работни обврски:

  • Давање на правни совети
  • Проверување и советување во врска со веќе изготвени договори за соработка со Друштвото
  • Прибирање на докази за составување на одбрана или иницирање на правни дејства
  • Изработка на правни документи (договори, анекси, решенија, одлуки,опомени итн.)
  • Проучување на закони, прописи и судска пракса
  • Следење на новитетите во законодавството, читање на службени весници и проследување на информирациите за промените/новитетите до сругите служби во однос на нивниот делокруг на работа
  • Ажурирање на листата за потребните документи во однос на постапки за јавни набавки
  • Комуникација и проследување на документација до ангажираните адвокатски канцеларии од страна на Друштвото
  • Следење на активностите и изработка на месечен извештај за судските предмети на Друштвото кои се спроведуваат од страна на ангажираните адвокатски канцеларии
  • Комуникација, и подготовка на документација, со други правни субјекти и институции, како што се нотари, Централен регистар, органи на општината, министерства, осигурителни компании и сл.
  • Подготовка на документи за потребите на состаноците на компанијата
  • Комуницирање со наворешни клиенти соработници по основ на правни прашанја склучување на договори
  • Подготовка и проверка на договори;
  • Подготовка на интерни акти на компанијата;
  • Следење на прописите и информирање за истите;
  • Правно советување на  топ менаџментот;
  • Идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето со прописите;
  • Изготвува правни акти на ниво на организација согласно дејноста (одлуки, потврди, правилници, договори, решенија, спогодби)
  • Изготвува, прибавува и доставува соодветна документација од и до државните институции согласно законските одредби
  • Ги застапува интересите на друштвото
  • Изготвува извештаи и анализи
  • Подготвува тендерска документација за учество на јавни повици
  • Навремено следење на тендерски објави и учество на истите
  • Изработување целокупни тендерски документации со технички спецификации за сите видови на стоки услуги и работи, согласно законот за јавни набавки, прикачивање на ЕСЈН при Бирото за јавни набавки
  • Правна помош и консултации од секаков вид до конечно објавување на огласот

Потребни квалификации:

  • Високо Образование-Правен факултет
  • Работно искутво во струката- минимум 2 годин
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Високо ниво на точност и доверливост
  • Познавање и толкување на законите и законските регулативи
  • Одлично познавање на работа со MS Office и Internet
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)

Услови кои ги нуди Компанијата :

  • Возбудлива и динамична работа;
  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
  • Развој на кариерата

 
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Law amounts to 23.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more