Vrabotuvanje.com - Технолог - Охрид - ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Технолог

Охрид

Application deadline:

  • ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ

Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.

ЛТХ Леарница Дооел Охрид има потреба од:

ТЕХНОЛОГ
 

Главни задачи и одговорности:

  • Познавање на работењето на машините, алатите и опремата
  • Познавање на организациските, технолошките и контролните прописи и документацијата на работното место
  • Пропишување технолошки постапки и упатства за работа
  • Спроведување анализи и отстранување на причините (рекламација, исфрлање,...)
  • Следење и оптимирање на процесите
  • Спроведување тестрирања и проценки за развојните и повторените алати и опрема
  • Подучување на вработените
  • Познавање на анализата FMEA и соработка при изработката
  • Познавање и соработка при изработка на 8D извештаи
  • Грижа за чисто и уредно работно место
  • Почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • Извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот 

Квалификации:

  • Техничко образование
  • Искуство од областа предност

Од кандидатот очекуваме:        

  • Упорност и соработка
  • Запознавање на организацијата
  • Доверливост
  • Иницијатива и тимска одговорност
  • Говорење и владеење на англискиот јазик (германски опционо)
  • Употреба на стандардни и специјализирани компјутерски алатки

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети (ЦНЦ центри), работа во 2 смени, дежурни повици (по потреба).

Нудиме:

  • Компетитивна плата и можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • Обезбеден топол оброк
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Доброволно приватно здравствено осигурување
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати и останати бенефиции како вработен кај нас

Кандидатите своите пријави можат да ги испратат најдоцна до 20/07/2023.

www.lthcastings.com/careers

Ве очекуваме!

**Со доставувањето на вашата апликација потврдувате и прифаќате Вашите лични податоци да бидат обработувани за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more