Vrabotuvanje.com - Магацински работник/ Општи работници - Куманово - БУЧЕН КОЗЈАК ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Магацински работник/ Општи работници

Куманово

Application deadline:

  • БУЧЕН КОЗЈАК ДОО

Млекара Бучен Козјак ДОО, со производствени капацитети во Куманово е компанија која повеќе од 40 години се занимава со преработка и производство на млеко и млечни производи по традиционална рецептура.

Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на „Бучен Козјак“ зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат во креативна работна атмосфера.

Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварувањето на поставените цели и се стреми кон усовршувањето на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.

Бучен Козјак го проширува својот тим и е во потрага по динамични и енергични кандидати.
Отворени позиции:
 
1. Магацински работник;
2. Oпшти работници во производствен погон.

МАГАЦИОНЕР/МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
 

Опис на работна позиција: 

  • Грижа за магацин;
  • Примање и процесирање на роба;
  • Евиденција на влез, излез и состојба на роба;
  • Вршење попис на робата.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Желба за работа и способност за работа во смени;
  • Возачка дозвола Б - категорија.

Ние Ви нудиме:

  • Колективно здравствено осигурување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Подароци за празници;
  • Можност за учење и напредување.
 

ОПШТИ РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
 

Опис на работни задачи:

  • Почитување на воспоставени работни процедури;
  • Почитување и работење во согласност со имплементираните национални, етнички и меѓународни системи и стандарди;
  • Почитување на воспоставени работни процедури.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Претходно искуство во производство ќе се смета за предност.


​Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат со испраќање на своето CV преку полето Брза Апликација или да се јават на тел.број 075/219-489 секој работен ден од 8:00 дo 15:30 часот.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more