Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од работници на позицијата:
Должности и одговорности:
- Шиење на навлаки на седишта и единечни делови на машина за шиење;
- Подготовка на шаблони за кроење со дополнителен додаток на рабовите и точки за означување на рабовите;
- Кроење на големината на седиштето од обложените делови.
Барања и квалификации:
- Работно искуство на слична позиција;
- Искуство во шиење за тапациран мебел или конфекциска индустрија;
- Познавање на различни материјали (рамни ткаенини и мокет) винил и кожни материјали;
- Искуство со ЦНЦ-кроење на системи како што се Bullmer (Optitex) ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство како шивач, тапацер ќе е смета за предност;
- Способност за работа во тим.
Бенефити:
- Приватно здраствено осигурување за вработените;
- Организиран транспорт;
- Лична заштитна опрема;
- Топол оброк;
- Регрес за годишен одмор (К-15) повисок од минималниот износ;
- Изненадувања за роденден и други подароци;
- Подарок за новороденче и првачиња;
- Посветен тим со широко познавање и искуство со иста страст за градење на бизнис од светски размери.
Останати информации и апликација:
Доколку оваа позиција ви изгледа ипривлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратете го вашето резиме/ CV преку Брза Апликација со назнака „Шивач“.
Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид.
Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.