ДЕТОИЛ ДОО Куманово има потреба од вработување на
АСИСТЕНТ ВО СЕКТОР/ПРОДАЖБА КОМЕРЦИЈА
Напомена: Се работи за канцелариска работа – реон Куманово
Опис на работна позиција:
Одговарање на барања за понуди, односно давање на понуди и директна комуникација со клиенти;
Организација на испораки согласно потврдени нарачки, договори и следење и реализација на дневни испораки;
Следење на финансиската состојба на клиентите и активно учество во наплата на побарувања;
Следење на залихи;
Привлекување на нови клиенти и грижа за постоечките клиенти;
Анализа на пазарот, собирање на информации во делот на нафтени деривати и градежни материјали – бетонско железо, продажбите и пазарна застапеност;
Изработка на дневни, неделни и месечни извештаи за направените продажби;
Посета на клиенти, проекти, директно на терен.
Потребни квалификации:
Завршено високо образование – Економски факултет;
Знаење на Англиски јазик;
Познавање и работење со основните софтверски програми како Word, Excel и сл.;
Без искуство;
Поседување на возачка дозвола.
Професионални знаења и способности:
Способност за извршување на повеќе активности истовремено и запазување на дадените рокови за завршување на работните задачи;
Одлични аналитички и комуникациски способности, прецизност, самостојност, уредност и одговорност;
Чесност и лојалност кон компанијата;
Амбициозност и мотивираност;
Флексибилност и тимска работа.
Доколку се исполнуваат бараните квалификации и компетенции потребно е кандидатите да испратат CV преку полето Брза Апликација или да се јават на телефонски број 075/289-790.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!