ГРАВЕ Осигурување Неживот АД Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 195 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија.
Искористи ја можноста да се приклучиш на Граве Тимот
Врши увид и процена на пријавени штети, составува комисиски записник за утврдените оштетувања и ги фотографира оштетените предмети.
Врши квалитетна и правилна проценка и пресметка на висината на штета врз основа на составен комисиски записник.
Остварува соработка со правниците во сектор штети и дава стручно мислење за нематеријални штети судски предмети и евентуално учество во судски расправи како стручно лице.
Изготвува услужен комисиски записник на барање на осигуреници на Друштвото.
Ја следи и проучува технологијата на производство на осигурени објекти, предмети и друго.
Ја следи пазарната вредност на половни делови од дилери на територија на РМ и пазарната вредност на оригинални делови од овластени дилери.
Дава мислење и констатира начинот на настанување на штетата. пропусти мани и недостатоци, утврдува факти како од сообраќаен така од машински аспект.
Ја утврдува причината за настанување на штетата.
Го утврдува степенот на штетата и висината на штетата (тотална или делумна).
Одговорен е за правилна примена на нормативите за процена на штети.
Воспоставува и одржува деловни и коректни односи со оштетените клиенти, сервисите и сл.
Врши и други работи по налог на непосредниот претпоставен и Ген. директор на Друштвото.
Потребни вештини:
Одговорно, професионално, уредно и навремено извршување на работните обврски.
Способност за комуникација и тимска работа.
Висока работна етика.
Самоиницијативност.
Работа на компјутер.
Ќе се смета за предност познавање на говорен и пишан англиски јазик.
Работни услови:
Работна позиција на определено време (првичен договор на определено време 6 месеци).
Работно време од понеделник до четврток од 07.30ч до 16.00ч и петок од 07.30ч до 13.30ч.
Ве молиме испратете професионална биографија со назнака за работната позиција за која аплицирате најдоцна до 14.08.2023 преку полето Брза Апликација.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Граве Осигурување Неживот АД и истите да бидат зачувани во дата базата на друштвото.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!