КЕМЕТ Електроникс како дел од YAGEO Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.
Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:
Машински техничар во oддржување – Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе
Одговорности
- Се грижи за редовното функционирање на машините и опремата во согласност со процедурите и прописите на компанијата, и служи како централна точка за пријава на интервенции за поддршка на производните оддели;
- Врши механички монтажи на нови машини со читање на цртежите и следење на упатствата на дизајнерите;
- Лесно достапнен за брза реакција за потребите на производството и решавање на прашањето што е можно поскоро;
- Отстранување на проблеми со машините и обезбедување услуги за превентивно одржување;
- Работи во тесна соработка со тимот за производство за да ги формулира приоритетите;
- Спречување на нарушување на производните активности преку обезбедување дека опремата е во добра работна состојба;
- Дава предлози до претпоставените за замена на старите електрични компоненти;
- Препорачува различни активности поврзани со електричното одржување што ќе доведе до континуирано подобрување;
- Одговорен за одржување и контрола на општи / специјални алатки за работа и инвентар. Обезбедува правилно складирање и одржување на опремата.
Барања, вештини и компетенции
- Завршено средно техничко образование;
- Одлична способност да се интерпретираат техничките цртежи;
- Искуство во користењето на машински алати;
- Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност и независност,
- Oрганизираност, одговорност, управување со времето (организација);
- Организациски вештини и компетенции: планирање, управување со проекти, решавање проблеми.
Компанијата нуди
- Пријатни услови за работа;
- Организиран превоз;
- Храна.
Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете CV до 20.08.2023 година, со наслов Машински техничар / Вашето име и презиме на: applicationmk@yageo.com.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година