Vrabotuvanje.com - Електро техничар во oддржување - Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе - КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електро техничар во oддржување

Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе

Application deadline:

  • КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

КЕМЕТ Електроникс како дел од YAGEO Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.

Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:

Електро техничар во oддржување – Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе

Одговорности

  • Врши замена на електрични елементи на машината кои се во неисправна состојба, вклучувајќи мотори, релеи и прекинувачи и механизам за поставување, со користење на рачни алатки;
  • Врши дијагностицирање на проблеми и врши поправки или дава предлози за замена на дефектните електронски единици, како што се печатените кола;
  • Дава предлози за замена на пневматски, механички, хидраулични компоненти на опремата и машините кои се во неисправна состојба;
  • Давање помош и асистенција на изведувачите на електрични работи;
  • Дава помош во администрацијата и регулирање на должностите на помладите техничари;
  • Се грижи за почитување на принципите за безбедно одржување за регулирање и распоред на дефекти.


Барања, вештини и компетенции

  • Диплома за завршено средно образование - електротехничка струка;
  • Искуство во електроника за решавање на проблеми;
  • Одржување на опремата;
  • Управување и имплементација на безбедносната програма;
  • Познавања на прописите за безбедност, здравје и животна средина;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност и независност, организираност, одговорност, управување со времето (организација);


Компанијата нуди

  • Пријатни услови за работа;
  • Организиран превоз;
  • Храна.


Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете CV до 20.08.2023 година, со наслов Електро техничар / Вашето име и презиме на: applicationmk@yageo.com.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. 
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more