СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени.
Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
ОПЕРАТОР ВО ОДДЕЛ ПРОИЗВОДСТВО
Регион: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Подготвеност за работа во смени;
- Желба за постојана надоградба;
Работни обврски:
- Прием и контрола на суровини, меѓупроизводи, полупроизводи и амбалажа;
- Просевање и размерување на суровини;
- Евидентирање на количината на размерените суровини;
- Враќање на суровините;
- Одржување хигиена на работната околина;
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Приватно здравствено осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.