Доколку сакате да работите со луѓе, сакате динамична работа и опкружување, а притоа и модата ви е позната, ве покануваме да го прочитате огласот до крај, бидејќи бараме
Продавач (м/ж)
Место: Скопје
Ваши задачи би биле
- Прием и контрола на стоки, поставување на електронска заштита и изложување на производи;
- Професионална презентација на производи;
- Работа на каса, наплата на производи со различни платежни средства;
- Обезбедување постпродажни услуги на клиентите (услуги, поплаки...);
- Примена на сите правила и процедури дефинирани на ниво на компанија.
Нашиот идеален кандидат изгледа вака
- Љубезен, пријатен и има професионален пристап кон клиентот;
- Внимателно го слуша купувачот бидејќи знае дека така најдобро ќе ги разбере неговите потреби;
- Самоиницијативен и насочен кон постигнување резултати;
- Има остро чувство за мода;
- Ги знае основите на работа на компјутер и англиски јазик;
- Образован од областа на трговијата или економијата (средно стручно образование);
- Предност имаат кандидатите со работно искуство во малопродажба на модна облека или модни додатоци.
Работата во компанијата Mona Fashion значи:
- Работа во компанија со над 30 години традиција;
- Стимулација и редовни приходи;
- Транспарентен и реален бонус систем по еден месец работа;
- Шестмесечни бонуси за најдобрите тимови;
- Јубилејни награди за лојалност;
- Осмомартовски подароци како и новогодишни пакетчиња за децата на вработените;
- Организирани обуки;
- Менторство од првиот ден;
- Можност за напредување;
- Работa во пријатна, креативна и модерна средина;
Можете да дознаете повеќе за самата компанија преку веб-страницата www.monaonline.com
Со испраќање на работна биографија со лични податоци, неопходни за извршување на процесот на селекција, давате согласност на деловната компанија Mona Fashion d.o.o. да ги обработува испратените податоци, согласно важечката законска регулатива од областа на заштитата на личните податоци. Вака собраните податоци се чуваат во период од 3 години од датумот на испраќање на податоците, поради дополнителна проценка на потребата од ангажирање кандидати.