Vrabotuvanje.com - Менаџер на продавница (Store Manager) / Diamond Mall - Скопје - БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер на продавница (Store Manager) / Diamond Mall

Скопје

Application deadline:

  • БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје



 

За компанијата

S.Oliver е една од водечките модни компании во Европа, која постои повеќе од 50 години. Моментално вработува повеќе од 5.100 луѓе интернационално и е присутна во 7,350 модни продавници вклучувајќи ги и партнерите.

Моментално S.Oliver има договор за франшиза со Bebel Fashion и се отвара продавница во Diamond Mall.

Bebel Fashion е компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје.

Менаџер на продавница (Store Manager) / Diamond Mall

Опис на работното место

Менаџер на продавница ги надлгедува сите операции во продажните објекти, ги контролира активностите на вработените, организира и прави распореди, и менаџира со разни административни задачи.

Главна задача на менаџерот на продавница е да ја зголеми продуктивноста и профитабилноста на секој малопродажен објект.

Главни одговорности

  • Задавање на работни задачи на вработените во малопродажните објекти
  • Спроведување и следење на компаниските процеси и стандарди дадени од S.Oliver
  • Да се осигура дека сите поплаки од муштериите се решени со професионален и ефективен однос
  • Учество во процесот на селекција на својот тим
  • Грижа и одговорност за залихата, обезбедување на адекватна залиха, што е поставена соодветно
  • Грижа за одржување на малопродажните објекти
  • Да ги движи продажбите преку ефикасна употреба на просторот
  • Поставување на таргети за продажба
  • Да се осигура дека сите вработени си ги извршуваат зададените задачи

Продажба и Планирање

  • Планирање и нарачка на продукти за продажба
  • Евалуирање на продажбите на продуктите
  • Следење на преференсите на купувачите
  • Максимизирање на продажбите со имплементација на различни маркетинг планови и стратегии
  • Правење и следење на извештаи за дневните, неделните и месечните продажби и осигурување дека ќе се исполнат
  • Следење на конкуренцијата
  • Разбирање на локалниот пазар и давање идеи за можности за раст

Потребни квалификации

  • Претходно искуство на раководна позиција (раководител на тим), од минимум 1 година.
  • Раководни и лидерски способности;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност;
  • Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office и PANTHEON
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за разрешување на проблеми;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

Апликацијата може да ја пратите преку Брзата Апликација.

Благодариме за апликацијата.
​Вашата апликација се разгледува од нашиот тим.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more