Ambar се грижи за задоволување на потребите на купувачите и постојано е во тек со најновите модни трендови, поради што прерасна во популарен бренд за облека за млади.
Позади успехот на Ambar стојат 1120 посветени вработени кои се грижат за купувачите, како и тимот за менаџмент кој постојано имплементира промени и иновации.
Ве очекуваме, аплицирајте и бидете дел од нашиот тим !
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
Локација: Струга
Опис на работата:
- Примање и изложување на робата по правила на компанијата
- Работа на каса
- Следење на асортиманот и залихата
- Услужување на купувачи, во склад со стандардите на компанијата
- Грижа за целокупниот изглед на продавницата
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Поседување на вештини за продажба
- Пожелно претходно работно искуство на исто или слично работно место
- Основно познавање на компјутери
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Одговорност и организираност во работата
- Динамична и комуникативна личност
- Грижа за беспрекорност
- Посветеност, лојалност и одговорност
Ви нудиме:
- 40 работни часа во една недела
- 13та Плата - К15 и платен годишен одмор
- Можност за напредок и профисионално усовршување
- Позитивна работна атмосфера
- Месечни бонуси и бонус во однос на остварени таргети
- Дополнително платени државни / верски празници и работа во недела
- Бенефиции при купување
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку полето Брза Апликација.
Рокот за пријавување е 20 дена од денот на објавување.
Ке бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.