Нашата спортска фамилија ја сочинуваат преку 700 вработени и преку 80 малопродажни објекти во регионот. Во неа секогаш се добредојдени луѓе со константна цел за подобар учинок, за учење и за унапредување во работата. По тој повод бараме особа за следното работно место:
Референт за кол центар
место на работа: Скопје
Главни одговорности:
- Коресподенција со купувачите по пат на телефон и е-меил
- Примање на телефонски повици од купувачи
- Одговорање на барањата на купувачите по пат на телефон и е-меил
- Евидентирање на податоци земени од страна на купувачите во пропишаните форми
- Контрола и пратење на на примени барање од купувачи во насока на нивно ефективно решавање
- Проследување на релевантни информации добиени од купувачи до другите сектори
- Давање на информации и совети на купувачите поврзани со робата
- Запознавање на купувачите со важечки акции
- Водење на евиденција на жалби од купувачи
- Присуство на состаноци организирани од страна раководителот на работниот процес и работодавачот
- Давање на информации поврзани за он-лајн и каталошко порачување на роба (проверка на модел и големина)
- Проверка на статусот на нарачки направени по пат на он-лајн и каталошка продажба
- Изработка на фактури за он-лајн и каталошки нарачки по потреба
- Ажурирање на евиденцијата за он-лајн и каталошка продажба
- Давање на информации на купувачите за акциите на веб-сајтот
- Комуникација со продавниците за проверка на состојбата на лагер
- Замена на веќе порачана роба
- Повремено упатување на работа во малопродажните објекти
- Активно учество на пописите во малопродажните објекти.
Потребни квалификации и вештини:
- IV степен во природни или општествени науки
- Пожелно искуство на исти или слични работни места
- Задолжително познавање на англиски јазик (средно ниво)
- Одлично познавање на работа во пакет MS Office (Excel- напредно ниво)
Можете да очекувате:
- Динамично работно опкружување
- Можност за постојано подобрување и развој
Вашeто CV и мотивациско писмо испратете го електронски преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесната селекција ќе бидат контактирани.