Vrabotuvanje.com - Менаџер на продажба - Скопје - ĐAK d.o.o. Beograd
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер на продажба

Скопје

Application deadline:

  • ĐAK d.o.o. Beograd

Kомпанијата Д спортска опрема e формирана со идеја дека најпопуларните спортски брендови, препознатливи по услугата и стабилното работење, внесе здрав дух во сите сегменти од живењето. Со најдолга традиција на пазарот работиме преку две децении.

Нашата спортска фамилија ја сочинуваат преку 700 вработени и преку 80 малопродажни објекти во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Во неа секогаш се добредојдени луѓе со константна цел за подобар резултат , за учење и за унапредување во работата. По тој повод, потребна ни е личност за работно место:

 
 
МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖБА


Работни обврски:
  • Учествува во изработка на годишни, полугодишни, квартални и месечни планови и буџети во соработка со другите раководители на сектори
  • Управува со работните перформанси на малопродажба, големопродажба, интернет продажба и синдикална продажба во вид на остварување/неостварување на плановите за продажба, лагерот, наплатата, добивката и трошоците
  • Одговорен е за осварување на воспоставените цели
  • Обезбедува ефикасно функционирање на малопродажните објекти и на интернет продавницата
  • Постојано ги подобрува сите продажни канали
  • Работи на изнаоѓање кандидати за нови позиции 
  • Врши и други задачи по налог на Управителот
  • Има обврска за чување на деловната тајна на Друштвото
     
Потребни квалификации:
  • Виша или висока стручна подготовка од економски смер
  • 5 години работно искуство на исто или слично работно место
  • Напредно познавање на MS Office пакетот, а особено Excel пакетот
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Флексибилност и посветеност на работата
  • Подготвеност за работа под притисок 
  • Вештини за преговарање и развој на добри меѓучовечни односи
  • Вештини за раководење со тим и мотивација на вработените 
  • Вештини на стратешко размислување и долгорочно планирање 
  • Возачка дозвола - Б категорија

Можете да очекувате: 
  • Работете во стабилна компанија
  • Редовна и стимулативна заработка
  • Бонуси во согласност со перформансите
  • Можност за професионален развој

Вашето CV и мотивациско писмо испратете ги преку полето Брза Апликација.
 Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.
 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more