Агент за наплата на побарувања
ODM Collections d.o.o. e компанија од Белград специјализирана за откуп на побарувања. Нашата компанија е со стекната доверба од страна на бројни реномирани клиенти од различни области и гранки на индустријата на кои сме им доверлив партнер во процесот на управување со побарувањата. Со континуирано унапредување на процесите и вложување во едукација на своите вработени, успеваме да ги исполниме стандардите на работењето.
Во нашата канцеларија во Скопје имаме потреба од проширување на тимот и пополнување на позицијата Агент за наплата на побарувања.
Барања и очекувања кои кандидатот треба да ги исполни:
- Одлични интерперсонални, преговарачки и комуникациски особини
- Изразена способност за решавање на проблеми
- Флексибилност и издржливост
- Предност имаат кандидатите кои имаат искуство во наплата на побарувања
- Познавање на англиски јазик
Опис на работните задачи:
- Телефонска наплата на побарувања на различни проекти
- Одговорност за резултатот од наплата на доделениот проект
Нудиме:
- Динамични и креативни работни задачи
- Можност за личен и професионален развој
- Адекватни и стимулирачки примања
Аплицирајте преку полето Брза Апликација!
ODM Collections го задржува правото да ги контактира единствено оние кандидати кои ќе влезат во потесна селекција.