Скопје Ист Гејт (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на компанијата објавуваме оглас за:
МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКИ
Одговорности и работни задачи:
- Одржува и спроведува буџет за набавки;
- Преговара со подизведувачите и добавувачите за одредување на цената во договорите;
- Спроведува налози за набавка и експедиција на материјали и опрема за работа;
- Се состанува со добавувачите и изведувачите на предметот на набавката;
- Обезбедува усогласеност со буџетот на проектот за кој се врши набавката, дава анализа за отстапувањата од предвидениот буџет;
- Обезбедува точни листи за набавка со цел да се потврда дека планираните буџетите се точни;
- Врши истражување на пазарот за предметот на набавка;
- Развива и спроведува стратегии за набавка со цел да намалување на трошоците и поедноставување на процесот нанабавки;
- Одржува деловни односи со добавувачиите и изведувачите на предметот на набавка;
- Воспоставува професионален однос со добавувачите и изведувачите со цел да се обезбедат соодветни ресурси за сите планирани проекти, како и континуирано подобрување на цената и квалитетот на предметот на набавка;
- Помага во одржување на програмата за контрола на квалитетот на друштвото;
- Употребува технологии, и спроведува соодветни мерки на претпазливост и размена на информации со цел да се зголеми продуктивноста и профитабилноста;
- Помага во решавање на спорови во однос на фактури и договори поврзани со предметот на набавка;
- Покажува способност да справи со промена на налозите за предметот на нарачка;
- Води сметка сите процедури за набавка да бидат завршени на време во согласност со барањата и во рамките на одобрениот буџет за набавка;
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Висока стручна подготовка од областа на економијата или градежништвото
- Минимум 3 годишно искуство на иста или слична работа позиција;
- Одлично познавање Microsoft Office пакет;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Изразени преговарачки способности;
- Изразени аналитички способности;
- Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг;
Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:
- Одговорност и ориентираност кон резултати
- Развиено чувство за работна етика
- Ориентираност кон клиенти
- Способност за самостојна и тимска работа
- Силни организациски и интерперсонални вештини
- Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)
Доколку сакате заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 19.10.2023.