Vrabotuvanje.com - Машински техничар/ка во одржување - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Машински техничар/ка во одржување

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey
 
Оглас за работа: Машински техничар/ка во одржување 

Локација: Скопје, Македонија

Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети е компанија со долгогодишно искуство на светскиот пазар, со воспоставени системи за стандарди и квалитет.

Наградата за најдобар работодавач за 2022 година – во категорија странски компании во Република Северна Македонија, е големо признание за сите членови на тимот, кои Џонсон Мети  го прават одлично место за работа и развој на таленти!

Тимот во Одржување има потреба од Машински техничар/ка во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.

Главни одговорности:

  • Одржување на опремата од погонот за производство и останатата опрема која што го подржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
  • Извршување на сите доделени обврски правилно, во договорената временска рамка, со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа
  • Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата
  • Асистирање во одржувањето на сите системи во рамките на фабриката
  • Придонес за развој на одделот со иницирање на идеи за подобрување на ефикасноста/продуктивноста и безбедно
  • ста во сите работни области
  • Работа со останатите колеги на совладување проблеми во функционирањето на опремата, изнаоѓање и имплементирање на нови подобри технички решенија, и сл.

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?

  • Задолжително средно образование (техничка струка)
  • Пожелно е професионално искуство во оддел за машинско одржување
  • Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, горилници на земјен гас или нафта, одржување на мотори, пумпи, вентили, транспортери, мешалки
  • Способност за независно и тимско работење, ефикасно решавање проблеми под притисок со зададени рокови
  • Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет

Позицијата подразбира работа во смени

Како да аплицирате:

Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:

https://encr.pw/Uj248

Краен рок за аплицирање: 22 октомври 2023

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more