Vrabotuvanje.com - Сменски супервизор за одржување - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сменски супервизор за одржување

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey
 
Оглас за работа: Сменски супервизор за одржување/Mainteinace Shift Supervisor   
             
Локација: Скопје, Македонија
 
Џонсон Мети е компанија со долгогодишно искуство на светскиот пазар, со воспоставени системи за стандарди и квалитет.
 
Наградата за најдобар работодавач за 2022 година – во категорија странски компании во Република Северна Македонија, е големо признание за сите членови на тимот, кои Џонсон Мети  го прават одлично место за работа и развој на таленти!
 
Имаме потреба од Сменски супервизор за одржување кој ќе му се придружи на тимот за одржување помошни уреди во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
 

Главни одговорности:
  • Одржување на опрематa која што го поддржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
  • Справување со електрични и механички дефекти на опремата за вентилација и климатизација  (HVAC), клими, клима комори, котли,компресори, вакум пумпи,уреди за ладење, дизел агрегати , уреди за непрекинато напојување, дитрибутивни панели, системи за детекција и гасење на пожари
  • Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области
  • Грижа за резервните делови на посочената опрема
  • Работа самостојно и со останатите колеги на совладување на проблемите и изнаоѓање решенија
  • Можност за стекнување знаења од областа 
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Задолжително средно образование (техничка струка) /Високо образование (Дипломиран електро или машински  инженер) би било предност
  • Техничко знаење и искуство во одржување електрични апликации на низок напон на електрични системи
  • Техничко знаење и искуство во одржување машински апликации (котли,компресори, вакум пумпи,уреди за ладење, дизел агрегати , уреди за непрекинато напојување, дитрибутивни панели, системи за детекција и гасење на пожари)
  • Пожелно професионално искуство во оддел за инсталирање/одржување климатизација и вентилација
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање проблеми под притисок и зададени рокови
  • Потребно е познавање на говорен и пишан англиски јазик како и познавање на MS Office пакетот.
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7.
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://rb.gy/cq91k
 

Краен рок за аплицирање: 22 октомври 2023

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more