Vrabotuvanje.com - Специјалист за информатичка безбедност - Скопје - СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за информатичка безбедност

Скопје

Application deadline:

  • СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ

Скопје Ист Гејт (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на компанијата објавуваме оглас за:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИНФОРМАТИЧКА БЕЗБЕДНОСТ

Одговорности и работни задачи:

  • Идентификување на ранливости во компјутерските мрежи
  • Развивање и спроведување на сеопфатен план за заштита на компјутерски мрежи
  • Следење на користењето на компјутерската мрежа за да се обезбеди исполнување на политиката за информатичката безбедност на компанијата
  • Усогласување на политиката за информатичката безбедност со промените во релевантните  безбедносни стандарди и можни закани
  • Извршување на тестови за пенетрација
  • Соработка со менаџментот и ИТ одделот за подобрување на информатичката безбедност
  • Документирање на било какви нарушувања на информатичката безбедност и проценка на нивната штета
  • Едукација на вработените во компанијата за безбедносниот софтвер и најдобрите практики за информатичка безбедност

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Диплома за компјутерски науки или област поврзана со технологија
  • Професионална сертификација за информатичка безбедност
  • Минимум 3 години искуство од во областа
  • Познавање на различни системи за информатичка безбедност и управување со истите
  • Решавање на проблеми и аналитички вештини
  • Способност за едукација на нетехничка публика за различни мерки за информатичка безбедност
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини
  • Одлично пишување и говорење на англиски јазик

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 23.10.2023.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more