Vrabotuvanje.com - Редар - Скопје - СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Редар

Скопје

Application deadline:

  • СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ

East Gate Mall (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на Дирекцијата за безбедност, објавуваме оглас за:

РЕДАР

- 10 ИЗВРШИТЕЛИ -

Одговорности и работни задачи:

  • Врши патрола во трговскиот центар и ги пријавува сите нерегуларности согласно куќен ред
  • Споделува информации за локација на закупци со посетители на трговскиот центар
  • Помага при евентуални спорови помеѓу посетители, закупци и перосналот во трговскиот центар
  • Одговорa на прашањата на посетителите за ориентација низ трговскиот центар
  • Ги пријавува посетителите кои со своето поведение ги прекршуваат правилата на трговскиот центар или го нарушуваат мирот за безбедност
  • Помага на посетители при зголемена посетеност на трговскиот центар околу движењето низ паркинг просторот

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Средна стручна подготовка
  • Уверение за неосудуваност
  • Претходно работно искуство на иста или слична работа позиција
  • Високо развиена набљудувачка способност
  • Способност за работа под притисок
  • Адаптибилност и флексибилност кон динамична работна средина

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 10.11.2023.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more