Vrabotuvanje.com - Технолог на ЦНЦ обработка - Охрид - ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Технолог на ЦНЦ обработка

Охрид

Application deadline:

  • ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ

Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.

ЛТХ Леарница Дооел Охрид има потреба од:

ТЕХНОЛОГ НА ЦНЦ ОБРАБОТКА

Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
Одговорности и способности:

  • изработка на CNC програми за обработка на алатите на CNC машини и електроди
  • соработка со производство и конструкција на алатницата при подготовка на технолошки постапки
  • подготовка на предлози за спроведување на процесите за постојано подобрување
  • почитување на прописите и политиките
  • решавање на технички и проблеми со квалитетот
  • доверливост, прецизност, флексибилност и самоиницијативност

Од кандидатите очекуваме:
Квалификации:

  • дипломиран машински инженер
  • познавање и работа со една од програмите за цртање во 3D

Услови:

  • Работа на локација во II смени/ 40h неделно/ 8h дневно/носење заштитна опрема.


На избраниот кандидат му нудиме:
Ве очекува стабилна работа во успешна меѓународна компанија од автомобилската индустрија каде заедно со нас ќе ја креирате иднината на глобалната (авто)мобилност.

  • компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување, размена на знаења низ Групацијата
  • покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
  • во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • бонуси за работна успешност
  • исплата на новогодишен надоместок
  • доброволно приватно здравствено осигурување
  • иновативна поддршка

Вашите апликации можете да ги испратите на  

https://www.lthcastings.com/default.asp?mid=en&pid=employmentopportunities со избор на „EMPLOYMENT OPPORTUNITIES“  или преку брза апликација, а во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријава и достава на CV:  07/12/2023

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120  дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more