Vrabotuvanje.com - Локален проект менаџер - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Локален проект менаџер

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА


КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
Локален Проект Менаџер (Local Project Manager) 

 
Локалниот Проект Менаџер (ЛПМ) е директна врска помеѓу КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА и Глобалниот Проект Менаџер (ГПМ).  Локалниот Проект Менаџер има одговорност да се погрижи проектниот тим на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА да биде усогласен со барањата на Глобалниот Проект Менаџер, и крајно со барањата на клиентот.
 
Откако барањата ќе бидат познати и доставени до проектниот тим, одговорноста на ЛПМ е да ги координира сите активности поврзани со проектот, да се осигура дека барањата се реализирани на време, на потребното ниво на квалитет и во рамките на проектниот буџет.  

 
Работни задачи и одговорности:
  • Обезбедување и одржување на целосна усогласеност со Глобалниот проектен тим, како  и со тимот за “Симултано Инженерство”  - SE (Simultaneous Engineering)
  • Осигурува дека сите проектни барања се познати и комуницирани на време со сите внатрешни засегнати страни
  • Одговорен за координирање на сите активности поврзани со проектот во сите оддели (Производство, Производно Инженерство, Логистика, Квалитет, Човечки ресурси, Финансии), во различни фази од животниот век на производот.
  • Тоа подразбира одговорност во фазата на Лансирање на проектот (Launch Management), како и одговорност за координација на сите промени (Change Management) во текот на сериското производство и по крајот на проектот.
  • Одговорен да обезбеди сите активности поврзани со проектите да бидат завршени во дадениот рок и на потребното ниво.
  • Одговорен за одржување и следење на распоредот на проектите и листата на отворени прашања во однос на истите
  • Одговорен за организација на проектни состаноци, координирање на разни посети во фабриката и преглед на проекти од надворешни засегнати страни
  • Одговорен за обезбедување на целосна транспарентност на проектите во рамките на организацијата КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
  • Одговорен за идентификација на ризиците на проектот, отстапки во однос на роковите итн. и ескалирање во соодветно време
  • Обезбедување на целосна внатрешна транспарентност и усогласеност со сите технички и проектни активности.
  • Внимателно следење на сите активности за да се идентификуваат ризиците и пропустите што е можно порано.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од технички струки – Машински или Електротехнички факултет или други технички факултети
  • Искуство во автомобилска индустрија
  • Минимум 5 години релевантно искуство со технички менаџмент на средно / високо раководно ниво.
  • Познавање на системи за квалитет и управување со проекти
  • Искуство во однос на вовдување на нови производи / нови процеси во индустрискиот и производниот процес
  • Познавање на инженерските дисциплини за индустриско производство (балансирање на линии, оптимизација на времетраење на циклуси, итн.)
  • Познавање на процесот на електронско и  мехатронско склопување и/или вбризгување (Injection Molding)
  • Сеопфатно разбирање на основите на производното инженерство за да се обезбеди позитивен и проактивен придонес кон стратешкото планирање
  • Разбирање на производните процеси со цел да се осигура дека инженерските стратегии можат да резултираат со производствени придобивки
  • Искуство со управување на проекти или призната квалификација -  PMP
  • Познавање на стандардите во автомобилската индустрија (IATF16949, ISO- 9001 14001)
  • Познавање и ракување со QM методите FMEA / SPC / MSA / APQP
  • Познавање на Lean Manufacturing и 6 сигма методологиите.
  • Познавање, препознавање и анализа на главните причинители на одреден проблем и корективни акции на истите во рамките на целосниот “животен циклус” на производот.
  • Добри IT вештини, особено со MS-Office, (SAP, Minitab)
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Проширено приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака Локален проект менаџер (Local Project Manager).
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more