КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Тим Лидер – Алатница (Team Leader Tool Shop)
Одговорен за сите аспекти на одржување во безпрекорна функционална состојба, поправка, развој и тестирање на алати за бризгање на пластика со цел да се осигура постигнување на деловните цели, да се максимизира продуктивноста и да се одржи на највисоко ниво ефикасноста на алатите за бризгање и опремата во алатницата.
- Раководење и организирање на тимот во алатница
- Управување и одредување приоритет на задачите во рамките на одделот (координирање на употребата на потребните ресурси, опрема и машини);
- Максимизирање на употребата на сите ресурси, вклучувајќи го и SAP системот, одржување на база на податоци за следење на алатите, водење на планиран распоред на активностите за одржување и поправка, да се обезбеди компјутеризиран дневник за дефекти и историја на сервисирањето на алатите;
- Одговорен за одржување и поправка на алатите за лиење, како и за осигурување дека сите залихи на потрошни материјали, алатки и резервни делови се добро организирани и достапни
- Одговорен за процесот на имплементација на инжинерските промени во техничката документација (3D моделите) како и на самите алати за лиење на пластика по основ на барања од страна на други релевантни оддели во компанијата;
- Обезбедување понуди за поправка и изработка на нови и резервни делови за алатите за лиење и друга опрема;
- Пресметка и анализа на клучните индикатори за перформансите на работењето на одделот со цел да се подобрат ефикасноста и продуктивноста;
- Соработка со останатите релевантни оддели во компанијата
- BCC Машинска струка;
- Најмалку 3 години искуство во областа на одржувањето и поправката на алати за оддел бризгање на пластика;
- Познавање на CAD софтвер (дизајн/цртање) и CAM вештини ќе се сметаат како предност;
- Познавање на технолигијата 3D скенирање/принтање ќе се смета да предност;
- Познавање на SAP модули (пр: YTAD);
- Пожелно е познавање на рачна и CNC обработка;
- Напредно познавање на Microsoft Office Package;
- Способност за решавање на технички проблеми и работа под притисок
- Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
- Конкурентни примања на македонскиот пазар
- Здраво и безбедно работно опкружување
- Проширено приватно здравствено осигурување
- Сигурност на вработувањето
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака “Тим Лидер – Алатница (Team Leader Tool Shop)”.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.