СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени.
Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
СТРУЧЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ИНДИРЕКТНИ НАБАВКИ
Регион: Скопје
- Завршено високо образование - Економски факултет;
- Работно искуство од 2 години во набавки;
- Активно користење на англиски јазик;
- Познавање и активно користење на MS Office;
- Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности;
- Желба за постојана надоградба.
- Активно учествува во спроведување и реализирање на барањата за индиректни набавки;
- Активно учествува во воспоставување контакти и активна коресподенција со добавувачи, странски и домашни партнери;
- Континуирано го прати статусот на нарачките;
- Внесување во систем фактури после прием на робата;
- Наоѓање на нови добавувачи и проверка на услови за работа со постоечките;
- Одговара за координацијата помеѓу одделите во секторот и останатите сектори;
- Подготвува извештаи за работењето.
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Приватно здравствено осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘Брза Апликација’’.
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.