Vrabotuvanje.com - Фриго-техничар / Механичар за разладни системи - Скопје и околината - Шмиц Каргобул Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Фриго-техничар / Механичар за разладни системи

Скопје и околината

Application deadline:

  • Шмиц Каргобул Македонија
 

ВРАБОТУВАМЕ

Фриго техничар / Механичар за разладни системи од брендот Schmitz Cargobull

 

 

 

 

Шмиц Каргобул Македонија е ќерка-фирма на компанијата Schmitz Cargobull AG и на пазарот во Македонија е присутна повеќе од 20 години. Schmitz Cargobull AG е производител на
- полуприколки
- приколки
- надградби за соло камиони
- разладни уреди

 

Во оваа област Schmitz Cargobull AG е водечки во Европа и моментално ги освојува пазарите во Австралија. Шмиц Каргобул Македонија во Македонија се занимава со продажба на нови и користени товарни приколки и полуприколки исклучиво од брендот на Schmitz Cargobull AG. Покрај оваа главна дејност Шмиц Каргобул МКД во својата понуда на пазарот вбројува и продажба на оригинални резервни делови i комплетна подршка во однос на потребна документација за своите производи.

Како водечки бренд во својата област, Schmitz Cargobull се ориентира кон желбите и потребите на своите сегашни и идни клиенти, како и кон техничко и технолошко усовршување на своите производи. Показател за тоа е долгогодишната верност на сите наши клиенти, присуството на Schmitz Cargobull на сите европски пазари и големиот број продадени возила секоја година.

Работни задачи:

  • Редовно одржување и поправки на Schmitz Cargobull разладен систем;
  • Доследно почитување на договорени термини за сервис;
  • Прифаќање на итни случаи и интервенции при дефекти на пат.

Потребни квалификации:

  • Искуство во работа со разладни системи, патнички моторни возила, товарни моторни возила, земјоделски машини;
  • Спремност за работа на терен;
  • Важечка возачка дозвола Б категорија.

Нашата понуда:

  • Работа во компанија – лидер на пазарот во Европа;
  • Високо развиен тимски дух;
  • Можност за професионално усовршување;
  • Почетна плата: 49.200,00 денари нето со покриени бруто давачки.

Конкурсот ќе биде отворен 30 (триесет) дена од датумот на објавувањето. Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју и ќе бидат известени за конечната одлука од конкурсот.

Заинтересираните кандидати своето CV на македонски и англиски/германски јазик да го испратат преку полето Брза Апликација, со назнака: Апликација за позиција фриго (Aplikacija za pozicija frigo).

Ве очекуваме!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more