Vrabotuvanje.com - Асистент по административно работење и модерација - Скопје - Korpa Doo
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Асистент по административно работење и модерација

Скопје

Application deadline:

  • Korpa Doo

Korpa е онлајн сервис за достава на храна и намирници до вратата на корисниците, нивните канцеларии или на која било друга посакувана адреса.

Компанијата е основана во Македонија во 2021 година, моментално е достапна на територијата на град Скопје и брои повеќе од 300 партнери, вклучувајќи голем број на ресторани, продавници за храна и пијалоци, аптеки, цвеќарници и многу други специјализирани продавници.

Станува збор за qCommerce платформа која им нуди на своите корисници можност да направат нарачка преку апликацијата Korpa и истата да им биде доставена во рок од 20-50 минути од моментот на нарачката.

Доколку имате интерес и сакате да станете дел од нашиот тим и брзо растечкиот свет на е-трговијата, ве покануваме да се пријавите за следната работна позиција:

АСИСТЕНТ ПО АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ И МОДЕРАЦИЈА

Обврски и одговорности:

  • Внесување и креирање партнери во апликацијата
  • Внесување менија на партнерите во апликацијата
  • Вршење корекции и доработка на менијата по барање на партнерот
  • Управување со содржината на апликацијата
  • Административни работи

Посакувани квалификации, вештини и способности:

  • Познавање на англиски јазик
  • Со или без претходно работно искуство
  • Прецизност и посветеност во работењето
  • Исклучително внимание на деталите и аналитички вештини
  • Тимска работа
  • Компјутерски вештини
  • Добри интерперсонални и комуникациски вештини
  • Организациска способност, независност, одговорност и проактивност

Ви нудиме:

  • Договор за вработување
  • Работа во динамична и забавна околина
  • Извонредна можност за учење и напредок
  • Одлични современи услови за работа, со обезбедена потребна деловна опрема и пријатен канцелариски простор

Работно време:

  • 40 часа неделно
  • 08:00-16:00 ч​

Пријава:

  • Сите заинтересирани кандидати својата биографија може да ја испратат на info@korpa.mk
  • Рокот за пријавување е 15 дена од датумот на објавување на огласот

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more