Vrabotuvanje.com - Агент за регрутација и управување со доставувачи - Скопје - Korpa Doo
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Агент за регрутација и управување со доставувачи

Скопје

Application deadline:

  • Korpa Doo


 

Korpa е онлајн сервис за достава на храна и намирници до вратата на корисниците, нивните канцеларии или на која било друга посакувана адреса.

Компанијата е основана во Македонија во 2021 година, моментално е достапна на територијата на град Скопје и брои повеќе од 300 партнери, вклучувајќи голем број на ресторани, продавници за храна и пијалоци, аптеки, цвеќарници и многу други специјализирани продавници.

Станува збор за qCommerce платформа која им нуди на своите корисници можност да направат нарачка преку апликацијата Korpa и истата да им биде доставена во рок од 20-50 минути од моментот на нарачката.

Доколку имате интерес и сакате да станете дел од нашиот тим и брзо растечкиот свет на е-трговијата, ве покануваме да се пријавите за следната работна позиција:

АГЕНТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ДОСТАВУВАЧИ

Обврски и одговорности:

  • Спроведување интевјуа и вработување на нови доставувачи
  • Едукација и обука на доставувачите
  • Следење на активностите на доставувачите
  • Информирање, организирање и решавање на проблемите на доставувачите на терен
  • Секојдневна телефонска и писмена комуникација со доставувачите
  • Проверка и контрола на перформансите на доставувачот
  • Управување со курирската опрема
  • Планирање на смени и оптимизација на бројот на ангажирани доставувачи
  • Дневно и неделно известување за реализираните активности
  • Соработка со останатите сектори во согласност со потребите на компанијата

Посакувани квалификации, вештини и способности:

  • Добри интерперсонални и комуникациски вештини
  • Организациска способност, независност, одговорност и проактивност
  • Тимска работа
  • Компјутерски вештини
  • Завршено средно образование

Ви нудиме:

  • Договор за вработување
  • Работа во динамична и забавна околина
  • Извонредна можност за учење и напредок
  • Одлични современи услови за работа, со обезбедена потребна деловна опрема и пријатен канцелариски простор

Работно време:

  • 40 часа неделно
  • Во две смени: 08:30-16:30 ч / 16:00-24:00 ч

Пријава:

  • Сите заинтересирани кандидати својата биографија може да ја испратат на info@korpa.mk
  • Рокот за пријавување е 15 дена од датумот на објавување на огласот

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more