Vrabotuvanje.com - Финансиски администратор - Прилеп, Битола, Кичево, Македонски Брод - ДПТУ АТС АММО ДООЕЛ Самоков Македонски Брод
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Финансиски администратор

Прилеп, Битола, Кичево, Македонски Брод

Application deadline:

  • ДПТУ АТС АММО ДООЕЛ Самоков Македонски Брод

                                                                  

АТС АММО Дооел, Самоков,  Македонски Брод  е компанија за производство на муниција. Компанијата работи, повеќе од 40 години и стои рамо до рамо со светските компании. Компанија која веќе стана препознатлива на светскиот пазар, по својот кавалите и успехот на работа. Локација Самоков, Македонски Брод ул. Населено место без уличен систем, Самоков, Маедонски Брод.

Поради проширување на тимот ДПТУ АТС АММО ДООЕЛ објавува оглас за вработување на
 

ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР
 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Економски факултет (Департман Сметководство и Ревизија);
  • Соодветно претходно работно искуство од минимум 2 години континуирано работно искуство на позиции поврзани со сметководство и ревизија
  • Одлично познавање на апликациите од Microsoft Office пакетот, особено Excel
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Организирање и спроведување на финансиско-сметководствени работи;
  • Водење на финансиски и административни работи;
  • Комуникација и координација со надворешно сметководство и подготовка на документи за книжење;
  • Познавање на системи и процедури за финансиско - сметководствено и административно работење во согласност со позитивните законски финансиски, даночни и стопански прописи;
  • Водење на финансиска евиденција и изготвување финансиски извештаи;
  • Проверка и ажурна евиденција на финансиски документи: фактури, сметки, понуди, договори, пресметки, патни налози и патни сметки;
  • Изработка на финансиски документи за наплата на услугите на друштвото и водење ажурна и целосна евиденција за истите;
  • Оперативни и административни обврски врзани за тековното работење;
  • Останати, неспоменати тековни оперативни работи.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:

  • Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
  • Одговорност и одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност и енeргичност.

 


Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте Вашите податоци да се чуваат во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Доколку сте заинтересирани, испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку Брзата Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more