Vrabotuvanje.com - Систем администратор - јуниор - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Систем администратор - јуниор

Скопје

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 3 (три) месеци (со можност за продолжување), во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место систем администратор - јуниор во Сектор за системски софтвер во Дирекцијата за информатички технологии.


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование од областа на информатичките технологии;
  • Познавање на администрација на оперативни системи и пропратни сервиси;
  • Познавање на Microsoft SQL Server;
  • Познавање на програмски јазици С#, C++, SQL.
  • Претходно работно искуство од 1 година;

Работното време за горенаведеното работно место, е од 08:00 часот до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 49.000 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција.

 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт:
Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more