ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
DATA ANALYST
- Подобрување на моделите на податоци кои се наш извор за алатките за деловна интелигенција, поттикнување на донесување одлуки засновани на податоци и зголемување на достапноста на податоците низ организацијата
- Чистење, пре-процесирање и валидирање на големи податочни множества за да се обезбеди точност и сигурност на податоците
- Задолжени сте за одржување на алатките за интеграција и квалитет на податоците
- Донесувате акциски препораки кои се базирани на вашите сознанија од податочната анализа за да го поддржите донесувањето на стратегиски одлуки
- Ги следите трендовите и напредокот во индустријата со цел да поттикнете иновации во нашите техники за анализа на податоци
- Магистер по компјутерски науки, финансии, бизнис или поврзана област со најмалку една година релевантно искуство
- Одлични писмени и вербални комуникациски вештини на англиски и македонски јазик. Познавање на холандски или кој било друг јазик е плус
- Искуство во дизајнирање, градење и одржување на системи за обработка на податоци
- Темелно познавање на Power BI. Имате искуство во DAX, Power Query и имате искуство со SQL. Искуство со други алатки за визуелизација на податоци се смета за предност
- Практичен пристап, комбинирајќи силна комуникација и аналитички вештини
- Самостоен работник со добар тимски дух
- Конкурентни месечни примања
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
- Дополнителни Microsoft BI обуки и за алатките споменати погоре.