Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ го проширува својот тим
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ЗА ОБЈЕКТИ ОД ВИСОКОГРАДБА
Потребни квалификации:
- ВСС - Дипломиран градежен инженер
- Минимум 5 години работно искуство во изведба и надзор на објекти од високоградба
- Овластување Б категорија за изведба
- Овластување Б категорија за надзор
- Познавање на работа на компјутер (AutoCAD, ArchiCad, MS Office, MS Project)
- Подготвеност за теренска работа
- Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото
- Познавање на англиски јазик
Главни обврски и одговорности:
- Раководење со објекти, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба
- Следење на развојот на проектот и давање на насоки при изведбата
- Одговорност за успешно и квалитетно изведување на објектите
- Организирање на ресурсите (работна сила, опрема и материјали) и поставување приоритети
- Познавање на постапката за изработка на основен проект и добивање одобрение за градење
- Ја следи, реализира и врши проверка на квалитетот и количините на материјалите и ја потврдува нивната веродостојност вградена во месечните, годишните, збирните и други ситуации за извршените работи
- Иницира подготвувањето на документацијата на изведената состојба за новоизградените објекти и спроведување на останатите активности во врска со техничките приеми и прегледи
- Се грижи за навремено и квалитетно извршување на обврските, го набљудува процесот на реализација, го контролира процесот на реализација на објектот и презема најразлични активност за успешна реализација на објектот
- Одлично познавање и примена на соодветни мерки за безбедност и здравје при работа за сите присутни на градилиштето
- Комуникација со Инвеститорот, Надзорните органи и Подизведувачите и превземање иницијатива и активности во зависност од потребите
- Поднесува детални извештаи за текот на работата до Управителот и Инвеститорот
- Врши непосредна контрола и проверка врз изградбата во секоја фаза на градењето и подготвува месечен извештај за извршената контрола врз изградбата
- Изготвува завршен извештај за извршениот надзор
Потребни вештини:
- Одлични организациони и аналитички вештини
- Одлично познавање на оперативни практики на градење
- Способност за формирање и водење на тим
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок во динамична работна атмосфера
- Транспарентна комуникација со колегите и со сите засегнати страни во компанијата
- Предлагање и иницирање нови идеи и активност
- Позитивно и ефективно прилагодување на промените на околностите
- Подготвеност за работа во дадени рокови
- Професионален однос кон работата
- Посветеност, темелност, лојалност и одговорност
Компанијата нуди:
- Работа во компанија со изграден имиџ во градежништвото
- Стабилност и можност за личен развој
- Градење успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа
- Плата по договор
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600