Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Account Manager
Продажно лице за опрема за соларна енергија
Работно место во Скопје
Што добивате:
- Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
- Исплата на годишен регрес;
- Службен телефон;
- Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
Работни задачи:
- Создавање и развој на годишни планови за купувачи и партнери;
- Реализацијата на наведените планови, водење, подобрување, следење и координација на трошоците кај купувачите и партнерите;
- Редовна посета на купувачите и партнерите, грижа за нивните потреби, евалуација на потенцијалот и анализа на меѓусебната соработка;
- Формирање на понуда за купувачите и партнерите;
- Анализа на потребите и барањата на купувачите и партнерите, анализа на нивниот бизнис и формирање на понуди,преговори и реализација на договори, изработка на испратници и фактури и контрола на проток на документи во согласност со утврдена постапка;
- Раководење и регулирање на наплатата на побарувањата од партнерите во соработка со одговорните во финансии;
- Постојано генерирање на нови lead-ови и аквизиција на нови партнери;
- Редовно известување на надредените за планираните и постигнатиот напредок во согласност со пропишаните постапки;
- Навремено доставување на информации за остварените акциони планови и активности;
- Активно следење на трендовите на пазарот, новините и конкуренцијата, како и идентификување на идните потреби на пазарот, а со тоа и истражување и анализа на трендовите на пазарот;
- Позиционирање на производите на пазарот (ценовник, веб-сајт, портал);
- Извршување сите оперативни и административни активности;
- Континуирано усовршување во сопственото поле на работа;
Од кандидатот очекуваме:
- Завршено ВСС;
- Најмалку 2 години работно искуство во продажба, предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство со продажба на фотоволтаични системи;
- Возачка дозвола, Б категорија;
- Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.
- Високо познавање и користење на МS Office програми и други алатки;
- Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата;
- Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност.
- Совесност во работењето и одлучност за навремено делување.
- Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати;
Краен рок за аплицирање: 29.02.2024 година.
АПЛИЦИРАЈТЕ!