КОИ СМЕ НИЕ
Ерак Груп е бренд кој постои на пазарот повеќе од десет години и кој преку своите препознатливи компании нуди високо професионални услуги од областа на организиран превоз на патници, туристички и тур-операторски услуги и продажба на авиобилети.
Соработуваме со познати интернационални компании со седиште во и надвор од Република Северна Македонија и нашиот тим е максимално посветен да е секогаш во чекор со потребите и барањата на нашите клиенти.
Поради зголемување на обемот на работата, компанијата има потреба од нови вработени кои сакаат да работат и да напредуваат.
ВРАБОТУВАМЕ НА РАБОТНО МЕСТО
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО (работни задачи, функции и одговорности)
- Изготвување на излезни фактури и профактури
- Книжење на излезни фактури
- Срамнување на картички со коминтенти
- Проверка на комплетност на искнижена документација
ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ (познавање на процедури, специфични барања на работата)
- Минимум завршено средно образование
- Познавање на работа со компјутер (MS Office пакет програми)
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
- Одлични организациски способности
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
- Способност за брзо учење нови системи (Пантеон)
- Владеење на англиски јазик, усно и писмено
- Конкурентна плата на пазарот на трудот.
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV(работна биографија) преку полето Брза Апликација.