Арт Принт Студио, има потреба да вработи:
Административен работник
Опис на работата и работните задачи:
- Арт Принт Студио има потреба од Административен работник во печатница, со и без работно искуство
- Арт Принт е спремен да го дообучи лицето.
За таа цел потребно е лицето да поседува:
- Особен интерес за работа во комуникација со клиенти
- Лична и професионална ефективност
- Прецизност и ажурност во работата
- Подготвеност за работа во тим, со колеги од производствен погон
- Возачка дозвола
- Да се придржува кон правилата за работа
Лицето ќе ги има следниве задачи:
- Изготвување на фактури, про-фактури
- Влез и излез на материјали – материјално работење во соодветен програм ( со печатење излезни документи за готови производи и за ова ќе следи обука ), овој сегмент по инсталација на ЕРП софтверот ќе биде на база на следење и контрола
- Комуникација со сметководство, редовна проверка со претпоставена особа за спроведените обврски
- Водење картотека на налози за готови производи одделно по клиенти
- Водење евиденција за минимум количини на репро материјали во магацин
- Спремање огласи по потреба за вработување
- Достава на документи потребни за пријава-одјава
- Обнова по потреба документи од Централен Регистар
- Увозни и извозни формалности
- Помагање во доработка во исклучителни моменти
- Евиденција на вработени
- Водење на неколку клиенти или продукти зависно што ќе се даде како обврска
- Разни административни активности
- Организација на испорака
- Согласно вашите способности може да имате повисока плата и поголеми одговорности (се зависи од вас)
Потребно е да има возачка дозвола. Вашето CV пратете го на емаил: artprintstudio@gmail.com, со задолжителна назнака. Административен работник
Општи работи во печатница и активности во помагање на администрацијата
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
- Назнака на позиција за која се аплицира.