ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР ЗА ТЕРЕНСКИ ИСПИТУВАЊА
ИТИС дооел Скопје има потреба од вработување дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика.
ИТИС е акредитирано инспекциско тело од ИАРСМ за инспекција на електроенергетски постројки. Покрај инспекциските активности во Р.С. Македонија, ИТИС се занимава и со теренски испитувања, надзор при фабрички испитувања и пуштање во работа на електроенергетска опрема, на глобално ниво. Огласот е наменет за дипломиран инженер по електротехника на позиција Инженер за теренски испитувања, кој би вршел тестирања на енергетска опрема за проекти во Македонија и во различни држави низ светот.
Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:
- Дипломиран електро инженер (сите електроенергетски студиски програми)
- Завршено техничко средно училиште - предност
- Искуство како електро инженер – најмалку две години
- Познавање и работа со електрични шеми
- Одлично познавање на англиски јазик
- Расположеност за теренска работа на проекти во странство
- Тимски играч, подготвен за учење нови работи
- Организираност и одговорност кон доверените задачи
- Комуникациски способности
- Возачка дозвола Б-категорија
Опис на работно место:
- Испитување на трансформатори и високонапонска опрема
- Надзор на теренски испитувања и проценка на резултати
- Изготвување на извештаи од испитување
- И друго, во согласност со квалификациите и потребите
ИТИС нуди:
- Динамична и интересна работна средина со амбициозен тим
- Атрактивни примања и бонуси од теренска работа.
- Континуирано усовршување и надградување
Доколку се пронаоѓате и се чуствувате спремни за понуденото работно место, пратете ни Ваше CV, преку полето Брза Апликација.