Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место:
КООРДИНАТОР ЗА КВАЛИТЕТ
одговорности и задачи:
- Организирање на работата во одделот за квалитет
- Планирање и вработување на нови лица во одделот за квалитиет, како и подршка и обука на вработените.
- Делегирање на дневните и подолгорочните задачи и обврски на вработените во одделот за квалитет
- Планирање и организирање на интерни проверки (audit)
- Организирање состаноци во организацијата и во одделот, со цел подготовка на надворешни проверки и подготовка на одделите за надворешни посети и проверки
- Познавање на специфичните барања од клиентите и директна комуникација со клиентите поврзана со рекламации и проверки од нивна страна
- Учество при анализирање на производите со грешка при рекламација од клиент
- Следење на статусот на одобрување на производите и организирање да се одобрат сите проекти (PPAP)
- Одобрување на контролни планови за производство и дијаграми на тек и FMEA документација
- Секојдневна комуникација со менаџерот на фабриката за количество на шкарт
- Следење на перформансите на процесите преку индикаторите зададени од менаџментот на компанијата
- Континуирано подобрување на системот за квалитет.
- Комуникација со одделот за квалитет во ,,Матичната фабрика,,
- Секојдневна координација со инженерите за квалитет
- Подготовка на неделни и месечни менаџмент извештаи за квалитет
- Известување за грешки и слаби точки веднаш до соодветните сектори и блокирање на производи ако е потребно.
- Блокирање на процеси и машини доколку истите не ги задоволуваат критериумите
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Образование : - Високо образование од технички науки
- Работно искуство : минимум 3 години од областа на квалитет
- Познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавање на стандардите за квалитет
- Одлични комуникациски вештини, способност за работа под притисок, решавање на проблеми и континуирано подобрување
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 16.02.2024год. по електронски пат преку Брзата Апликација, или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Координатор за квалитет - КЕ.
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.