Зад секоја успешна компанија стои силен тим.
Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост. Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси. Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании - дојдете и придружете ни се уште денес! ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:
ХАУСМАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование,
- Општи технички познавања ( електрика, водовод и секаков вид дефекти);
- Практично познавање на електрични системи за згради и индустриски објекти;
- Познавање на слабо-струјни електрични инсталации во згради и индустриски објекти;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Возачка дозвола Б категорија
Опис на работата:
- Детекција на дефекти и отстранување на истите
- Редовно одржување и проверка на електрични системи
- Отстранување на дефекти на електрична инсталација
- Работа со електричен и рачен алат
- Евиденција за извршените поправки и потрошениот материјал и достава на извештаи до претпоставен
- Спецификација на потребен материјал за набавка
- Превземање на превентивни мерки и навремено реагирање за избегнување на дефекти и непречено одвивање на работата
- Поддршка во одржување на системи за ладење и греење
- Одржување на водоводна инсталација
- Браварски работи
- Столаро – занатски работи
- Извршување на други технички работни задачи по потреба
Што нудиме:
- Мотивирачка атмосфера и плата по договор
- Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30
- Колективно осигурување од несреќа
- Платени дополнителни часови прекувремено
- Платен годишен одмор
- Можност за напредување во кариера
- Избор на рачен алат по желба.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.