Vrabotuvanje.com - Супервизор - Скопје - Fashion Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Супервизор

Скопје

Application deadline:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од:

СУПЕРВИЗОР

 

Главни обврски и одговорности:

  • Врши контрола на работењето на продажните објекти
  • Утврдување на тековни потреби и одржување на објектот
  • Управување со залиха и контрола на истата
  • Организирање пописи (контролни и сезонски)
  • Помош на продажните објекти при прием на производи
  • Проверка на трговска документација 
  • Лице за контакт во случај на проблем во продажбата и помош на купувачите
  • Утврдување на потреба од дополнителни обуки за вработените во продажба
  • Месечна проверка на евиденција на попусти, резервации, фактури, сторнирани сметки
  • Известување до претпоставениот на неделно ниво за затекнатата состојба во малопродажните објекти
  • Го координира отворањето на нови продавници за малопродажба
  • Изготвува неделни и месечни извештаи со цел следење на резултатите на продажните објекти

Образование, работно искуство и вештини:

  • Снаодливост, организираност и способност за справување со повеќе работи истовремено
  • Навременост, самостојност и точност во извршување на работните задачи
  • Способност да изгради однос со вработените кој ќе се заснова на взаемно почитување и авторитет
  • Подготвеност за брзо и ефикасно решавање на проблеми или конфликти
  • Флексибилност 

Ние нудиме:

  • Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
  • Конкурентна заработка
  • Можност за дополнително развивање и усовршвање преку обуки и семинари
  • Пакет бенефиции за лојални вработени


​Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more